Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, маалски друштва и креативни групи да го пријават своето учество со групни маски и да бидат дел од оваа уникатна културна манифестација.
Пријавувањето се врши прекупополнувањеформулар, достапен на следниот линк:Пријава за учество во Сусурига 2026 година
Рок за пријавување:16 февруари 2026 година.
Целта на „Сусурига 2026“ е масовно и достоинствено заживување на старата градска традиција на маскирање и палење ритуален оган по повод празникот Прочка.
Програмата ќе опфати дефиле на пријавените маскирани групи од плоштад Карпошово востание низ главната улица до Градскиот плоштад , каде ќе се одржи ревијален настап на сите учесници. Настанот ќе биде збогатен со гостувања на специјални групи од нашата држава и од соседството, препознатливи по своите традиционални ритуали, уникатна кореографија и атрактивни маски.
Ве покануваме активно да се вклучите, да ја покажете вашата креативност и заедно да придонесеме кон зачувување и негување на традицијата и културниот идентитет што ја обединува Крива Паланка.
Извор: Општина Крива паланка
