Ова високо признание ѝ е доделено на Општина Крива Паланка за постигнатите исклучителни резултати во областа на прекуграничната соработка, каде што општината се издвојува како една од најуспешните во РС Македонија, со најголем број реализирани CBC-проекти, според официјалните податоци на keep.eu.
Ова престижна награда претставува силна потврда за визијата, стратешкиот пристап и континуираната посветеност на Општина Крива Паланка кон искористување на европските можности за локален развој, подобрување на инфраструктурата, унапредување на услугите и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.
По повод добиеното признание, градоначалникот Сашко Митовски истакна дека ова е момент на особена чест и искрена гордост за Општина Крива Паланка и за сите кои посветено работат на развојот на локалната заедница.
„Крива Паланка денес е препознаена како водечка општина во државата, во користење европските фондови и успешна реализација на проекти, што носат конкретни придобивки за граѓаните. Оваа награда има посебна вредност, бидејќи е резултат на професионална, чесна, искрена и посветена работа, насочена кон создавање подобра иднина за нашата општина“, истакна градоначалникот Сашко Митовски при примањето на наградата.
Признанието- наградата за Општина Крива Паланка, претставува дополнителен мотив за продолжување на развојните политики, унапредување на човечките ресурси, јакнење на европските партнерства и реализација на нови проекти во интерес на граѓаните и локалниот развој.
Со оваа престижна награда, Крива Паланка уште еднаш ја потврдува својата позиција како современа, активна и европски ориентирана општина, препознаена по својата посветеност, професионалност, резултати и успешни практики во регионалната и прекуграничната соработка.
Извор: Општина Крива паланка