Врз основа на член 23 став 1, точка 15 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“), а согласно Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Крива Паланка за 2026 година, Меморандумот за соработка за имплементација на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедувањето на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“, како и проектните активности поддржани од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансирани од UN WOMEN,
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ОБЈАВУВА НАГРАДЕН КОНКУРС за изработка на кратко видео на тема: „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“
Конкурсот има за цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и локалните водотеци, преку поттикнување на иновативноста, креативноста и активното учество на младите, со посебен акцент на интегрирање на родовата перспектива, еднаквото учество и заедничката одговорност на девојчињата и момчињата во создавање почиста и поздрава и инклузивна локална заедница.
Право на учество имаат сите ученици од основното и средното образование од територијата на Општина Крива Паланка.
Учеството може да биде индивидуално или групно.
Конкурсот поттикнува еднакво учество на девојчињата и момчињата, а особено се охрабрува учеството на девојчиња и млади лица од ранливи категории, со цел промовирање на еднакви можности, инклузивност и активно вклучување во теми поврзани со заштитата на животната средина.
Секој учесник или група може да пријави најмногу едно видео.
Видеото треба да ги исполнува следните услови:
Доколку во видеото се појавуваат лица, учесникот е должен да обезбеди нивна согласност за снимање и користење на видеото.
За малолетни лица кои учествуваат или се појавуваат во видеото задолжително се доставува Изјава и согласност од родител/старател.
Со доставување на видеото, учесникот и родителот/старателот потврдуваат дека:
Видеото се доставува преку официјалнатаFacebook страницанаменски креирана за потребите на проектот, со назнака:
„Кратки видеа за Општина Крива Паланка“
При пријавувањето потребно е да се достават следните податоци:
Краен рок за доставување на видеата е 15 јуни 2026 година.
Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите видеа и ќе изврши избор на најдобрите видеа согласно критериумите од конкурсот.
Резултатите од конкурсот и наградените видеа ќе бидат објавени на 18 јуни 2026 година на официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка и на Facebook страницата на проектот.
Пристигнатите видеа ќе ги разгледа комисија формирана од градоначалникот на Општина Крива Паланка.
Комисијата ќе ги оценува видеата согласно следните критериуми и бодови:
Комисијата ќе изготви ранг-листа согласно освоените бодови.
За првонаградено видео ќе се смета видеото со најголем број освоени бодови.
За второнаградено и третонаградено видео ќе се сметаат видеата кои согласно ранг-листата ќе го освојат второто и третото место според бројот на освоени бодови.
Доколку две или повеќе видеа освојат ист број на бодови, предност ќе има видеото кое освоило поголем број на бодови по критериумот
„Промовирање на родова еднаквост, инклузивност и заедничка одговорност“.Доколку и по овој критериум видеата имаат ист број на бодови, предност ќе има видеото со поголем број на бодови по критериумот
„Јасност и влијание на еколошката порака“
Ќе бидат доделени следните награди:
Во случај на доделување награда на малолетен учесник, исплатата на наградата ќе се изврши на трансакциска сметка на родителот/старателот.
Доколку награденото видео е изработено од група учесници, групата е должна да определи еден претставник, а исплатата ќе се изврши на трансакциска сметка на родителот/старателот на претставникот на групата.
Општина Крива Паланка нема обврска за понатамошна распределба на средствата помеѓу членовите на групата.
Исплатата на наградите ќе се реализира согласно проектните активности и договорите склучени за реализација на проектот.
Со учеството на конкурсот, учесниците и нивните родители/старатели се согласуваат доставените видеа да останат во сопственост на Општина Крива Паланка со пополнување и потпишување на изјава за согласност.
Општина Крива Паланка го задржува правото да ги користи, објавува, прикажува и промовира видеата за едукативни, информативни и промотивни цели, без надомест, со наведување на авторот/авторите.
Нецелосни, ненавремени или видеа кои не ги исполнуваат условите од конкурсот нема да бидат разгледувани.
Општина Крива Паланка го задржува правото да не додели награда доколку комисијата оцени дека видеата не ги исполнуваат условите и критериумите на конкурсот.
Составен дел на овој конкурс е Изјавата и согласноста од родител/старател.
Со поднесување на пријавата, учесниците и родителите/старателите потврдуваат дека се согласни со условите од конкурсот.
Проектот е поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАГрадоначалникСашко Митовски
Видео-материјалите испратет ги на фејсбук страната:https://www.facebook.com/share/194MjJHqDc/Дополнителни информации: Гордана Ристовска – 071/334-453
СОГЛАСНОСТ за снимање и користење на видео материјалИЗЈАВА И СОГЛАСНОСТ од родител_старателПРИЈАВА за учество на награден конкурс
Извор: Општина Крива паланка