Во рамки на одбележувањето на големиот православен празникУспение на Пресвета Богородицаи празникот посветен наСв. Јоаким Осоговски, небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка организира музички спектакл што ќе го одбележи летото и ќе донесе незаборавна концертна вечер.
На29 август,Градскиот стадионќе биде центарот на музичките случувања, каде публиката ќе ужива во настапите на три големи музички имиња –Лепа Брена, Жељко Самарџиќ,иСлаткар, кои со своите безвременски хитови, препознатливи настапи и различни музички стилови ќе приредат вечер исполнета со емоции, енергија и врвна забава.
Концертот е замислен како вистински празник на музиката, кој ќе ги обедини генерациите и ќе привлече посетители од целата држава и пошироко, потврдувајќи ја Крива Паланка како град што умее да организира настани од најголем формат, град кој нуди незаборавни доживувања и спектакуларна атмосфера.
Одбројувањето започнува. На29 август, сите патишта водат кон Крива Паланка – градот каде летово ќе се случи музичкиот спектакл што долго ќе се памети.
Извор: Општина Крива паланка