Овој настан има и посебна симболика, бидејќи мајката Ивана е дел од тимот на Општина Крива Паланка, а таткото Дарко е долгогодишен пријател на градоначалникот. Радоста е уште поголема со присуството на братчето Матео, кој со детска искреност ја надополни семејната топлина на средбата.
На семејството Ангеловски им беа упатени искрени честитки за приновата, со желби нивниот дом секогаш да биде исполнет со љубов, разбирање и радосни моменти, а малиот Марк да расте здраво и среќно, опкружен со грижа и внимание.
Општина Крива Паланка и понатаму останува цврсто посветена на поддршката на младите семејства. Од оваа година, финансиската поддршка што општината ја обезбедува за секое новороденче изнесува 15.000 денари, како јасна порака дека секој нов живот претставува вредност и инвестиција во иднината на нашиот град.
Со ваквите активности, Општина Крива Паланка продолжува да гради заедница во која најмладите се добредојдени, а семејството е во фокусот на локалните политики и грижа.
Извор: Општина Крива паланка
