Крива Паланка (Новости): Во Крива Паланка се одржа информативен настан за вработување во германската компанијаVOLAPLAST OOD од…

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Новости): Во Крива Паланка се одржа информативен настан за вработување во германската компанијаVOLAPLAST OOD од...

Во просториите на Општина Крива Паланка денеска се одржа информативно-промотивен настан на кој беше претставена германската компанија VOLAPLAST OOD, со седиште во Ќустендил, Република Бугарија, специјализирана за производство на автомобилски компоненти за реномирани брендови како BMW и Mercedes-Benz.

Пред заинтересирани граѓани, претставниците на компанијата ги презентираа можностите за вработување, условите за работа, како и перспективите за професионален развој во рамки на компанијата. VOLAPLAST OOD, која од 2021 година успешно функционира на бугарскиот пазар и брои околу 120 вработени, ги претстави своите стандарди и практики во делот на работниот ангажман, вклучително и организацијата на работниот процес, бенефициите за вработените и условите за напредување.

Настанот се одликуваше со висока посетеност и изразен интерес од страна на присутните, кои активно се вклучија во дискусијата поставувајќи прашања поврзани со висината на платите, обезбедениот транспорт, работните обврски, условите за исхрана, како и дополнителните бенефиции што ги нуди компанијата. Отворениот дијалог придонесе за подетално информирање на потенцијалните кандидати.

Општината и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на вработувањето и унапредување на економските перспективи на своите граѓани, преку организирање на слични иницијативи и соработки со домашни и меѓународни компании.


Извор: Општина Крива паланка