Крива Паланка (Конкурси и објави): „Лирски треперења“ вечерва ќе ја донесат поезијата во срцето на Крива Паланка

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Конкурси и објави): „Лирски треперења“ вечерва ќе ја донесат поезијата во срцето на Крива Паланка

Во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“, љубителите на поезијата ќе имаат можност да бидат дел од Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“ – културен настан што ја слави силата на поетскиот збор и уметничкиот израз и литературата.

На поетската вечер ќе настапат автори, кои преку своите стихови ќе понудат различни поетски визии, емоции и размислувања, создавајќи простор за културна размена и заедничко доживување на пишаниот збор.

Манифестацијата ќе се одржи на27 јули (понеделник), со почеток во20:30 часот, вокино салата при НУ Центар за култура – Крива Паланка.

Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на литературата и поезијата да бидат дел од оваа инспиративна културна вечер и заедно да уживаат во убавината на стихот и богатството на поетскиот израз.


Извор: Општина Крива паланка