Кратово: НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

објавено во Општински вести | 0
Кратово: НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

ОПШТИНА КРАТОВО РАСПИШУВА:

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

По повод патрониот празник на Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“ Општина Кратово распишува награден конкурс за најдобра литературна творба на тема:

„Свети Ѓорѓи Кратовски–светилник и закрилник на Кратово“

– Право на учество на овој Конкурс имаат жителите на општина Кратово;

– Доставените литературни творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза;

– На овој Конкурс не може да учествувааат претходно објавени или издадени творби;

– Учесниците/авторите на Конкурсот се појавуваат под шифра кај членовите на комисијата, затоа литературната творба треба да ја содржи шифрата, а посебно да се напишат податоците за идентификација на испраќачот: име и презиме, адреса и телефонски број.

Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши комисија за оценување на творбата составена од три члена. Комисијата ќе даде оценка за доставените творби и ќе изготви извештај со листа за наградени автори.

Авторите на најдобрите творби ќе добијат пофалница и вредносни ваучери за I награда 4000 денари, II награда 3000 денари и III награда 2000 денари и истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Кратово.

Доставување на литературните творби:

Авторските творби треба да се достават во хартиена форма во затворен плик на адреса: Општина Кратово ул.Плоштад Павел Шатев, бр.1, Кратово со назнака „Награден конкурс за најдобра литературна творба“ или лично во Архива на општина Кратово секој работен ден од 08.00 – 15.00 часот или да се испратат по електронски пат на:contact.kratovo@gmail.comнајдоцна до 20.02.2026 година.

Конкурсот е дел од Програмата за култура за 2026 на општина Кратово со бр.09-1619/2 од 27.11.2025 година.


Извор: Општина Кратово