Ве известуваме дека поради тоа што празникот на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој традиционално се одбележува на 24 февруари, паѓа во периодот на Великиот пост, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, согласно црковниот календар и типикот, со одлука донесена на седница, го преместува неговото празнување на 22 февруари 2026 година (недела).
Причината за ова поместување е тоа што празникот се паѓа во првата седмица од Великиот пост, кога не се дозволени свечености и народни прослави.
Одбележувањето на празникот ќе се изврши на наведениот датум со соодветен богослужбен поредок. Верниците се повикуваат да го почитуваат овој распоред и да учествуваат во празнувањето согласно црковната традиција.
Извор: Општина Кратово