Кочани (Огласи и соопштенија): Се уредува кругот на Општата болница во Кочани: нови зелени површини, паркинг-места и подобрено осветлување

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и министерот за здравство Азир Алиу одржаа прес-конференција на која ги соопштија активностите за уредување на дворната површина и кругот на Општата болница – Кочани.Градоначалникот Грозданов истакна дека целта е Општата болница во Кочани да добие нов и поуреден изглед, со подобрена функционалност за пациентите, вработените и возилата.– Во соработка со КЈП „Водовод“ се реализира расчистување на обраснатата вегетација со цел да се уредат зелени површини и да се отвори простор за нови места за паркирање на три локации во болничкиот круг. Со овие активности ќе се овозможи подобар пристап до болницата, особено за возилата на Итната медицинска помош – истакна Грозданов.Тој додаде дека е целосно поправено и јавното осветлување во кругот на болницата, кое подолг период било нефункционално.Министерот за здравство Азир Алиу ги поздрави видливите резултати од зафатот што го иницира и реализира градоначалникот Грозданов за подобрување на надворешниот изглед на болницата.– Инфраструктурата е еден од трите главни столба за враќање на довербата на граѓаните во здравствениот систем – нагласи Алиу.Директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска, информираше дека активностите ќе се реализираат етапно, а граѓаните ќе бидат навремено известувани за текот на работите, со цел да се избегне сообраќајниот неред.


Извор: Општина Кочани