Кочани (Огласи и соопштенија): Општина Кочани започнува со подготовка на техничка документација за рехабилитација на системот за геотермални води

објавено во Општински вести | 0
Општина Кочани лежи на богат базен на топла, геотермална вода со капацитет од 300 литри во секунда и температура која достигнува до 78°C. И покрај огромниот потенцијал, овој природен ресурс во моментов е недоволно искористен поради застарената инфраструктура.

„Овој проект е од големо значење за Кочани, бидејќи отвора можност за подобро искористување на геотермалниот потенцијал и за создавање поефикасен и поодржлив систем за снабдување со топла вода. Со подготовката на квалитетна техничка документација правиме важен чекор кон обезбедување средства и реализација на проект кој ќе донесе долгорочни придобивки за јавните објекти, граѓаните и животната средина.“ вели д-р Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани, на денешниот официјален настан.

Со планираните интервенции кои ќе произлезат од новата проектна документација, Општина Кочани ќе добие повеќекратни придобивки:

Според претставниците на УНДП, ова е еден од најинтересните и најиновативните предлог-проекти пристигнати на последниот повик на Фондот за техничка документација. Оваа активност е дел од поширокиот проект„Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, кој го спроведува УНДП со финансиска поддршка од Шведска.

Како дел од оваа успешна соработка, за Општина Кочани веќе е изработен иИнтегриран развоен план, кој во моментов служи како главен стратешки документ за долгорочниот развој на градот.

Во рамките на денешната посета, тимот на УНДП ја посети и Општата болница во Кочани, каде пред неколку години исто така беше изработена техничка документација за имплементација на современи, енергетски ефикасни решенија.


Извор: Општина Кочани