Комбинацијата од психолошки пристап и технологија се очекува на учесничките им донесе конкретни вредности кои имаат директно влијание врз нивниот понатамошен развој: намалување на отпорот кон технологијата и градење самодоверба, дигитално зајакнување и конкурентност на пазарот на труд.
Обуката едновремено послужи и како платформа за поврзување на девојки и жени со слични интереси од локалната заедница. Присуството наWomen in Techим овозможи на учесничките пристап до поширока мрежа на ментори и ресурси за понатамошен развој во дигиталниот свет.
„AI4HerWellbeing“ е обука организирана од Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Кочани, преку проект кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински хаб на Западен Балкан и Турција.
Извор: Општина Кочани