– Романија е со Македонија од самиот почеток, помагајќи во транспортот на повредените до дестинации што обезбедуваат нивно префрлање во специјализирани болници и приоритетен медицински третман. Ниту една европска држава не може сама да се справи со вакви ситуации, по што трансферот на експертиза останува едно од најефикасните средства што можеме да ги користиме за подобрување на одговорот при катастрофи – истакна на средбата државниот секретар за цивилна заштита Арафат.
Градоначалникот Грозданов се заблагодари за поддршката во напорите за надминување на колективната траума и долгорочните последици од трагедијата, како и за понудената соработка и постојаниот дијалог за подобрување на механизмите за цивилна заштита што можат да помогнат во спречувањето на природни катастрофи и на слични пожари во урбани средини.
Романската делегација ги посети и ТППЕ – Кочани и Општата болница со проширена дејност – Кочани.
Извор: Општина Кочани