Кочани (Вести): Презентација на електронскиот училиштен весник на СОУ „Љупчо Сантов“

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Презентација на електронскиот училиштен весник на  СОУ „Љупчо Сантов“

Пред гостите од Амбасадата на САД,  Газменд Иљази и Чарлс Сантјаго Моралес беше претставен електронскиот училиштен весник и начинот на неговата подготовка, по иницијатива и со поддршка од волонтерката Шомиг. Како што беше истакнато, весникот претставува платформа водена од учениците, насочена кон комуникација, креативност и поврзување со заедницата.

Презентацијата имаше цел да ја промовира одличната работа на учениците новинари пред пошироката заедница.

Една од главни задачи на волонтерката Лаура Шомиг е да креираа иницијативи во заедницата кои се насочени кон вклучување и интеркултурна размена. Досега во СОУ „Љупчо Сантов“ има формирано и клубови за американска литература, за јавна дипломатија и новинарски клуб.


Извор: Општина Кочани