Со овој меморандум се воспоставува основа за поинтензивна соработка во сите области од заеднички интерес во надлежност на локалните самоуправи, преку размена на искуства, развивање партнерски односи и реализација на заеднички активности и проекти.
На средбата беше истакнато дека поврзувањето на локалните заедници и унапредувањето на пријателските односи претставуваат значајна основа за создавање нови можности за соработка што ќе придонесат за развојот и напредокот на двете средини.
Потпишувањето на меморандумот претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на меѓусебните односи и отвора можности за конкретни заеднички иницијативи во наредниот период.
Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кочани и Градот Дарувар
Извор: Општина Кочани