Кочани (Вести): Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026

Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка, ОФС – Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочаниwww.kocani.gov.mk.

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат од Столе Тошев, на телефонскиот број 078 294 073.

Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60 000 денари, втората од 30 000 и третата во износ од 15 000 денари.


Извор: Општина Кочани