Кочани (Вести): Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм и култура

објавено во Општински вести | 0
Станува збор за тридневен филмски настан организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европската Унија, чија цел е збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за заеднички културни доживувања за сите генерации.

Програмата опфаќа разновидни филмски остварувања – од анимирани и забавни содржини за помладата публика, до филмови што обработуваат подлабоки општествени и историски теми.

В петок, 15 мај, со почеток од 18 ч. ќе се прикаже филмот „Јон Вардар против галаксијата“, а од 21 ч. – „Медена земја“.  На 16 мај, сабота од 18 ч. е проекцијата на „Диџеј Ахмет“, а в недела, 17 мај, од 18 ч. е „Година на мајмунот“, а од 21 ч. – „Трето полувреме“.

Настанот има за цел да понуди филмска програма, но и да создаде простор за дружење, размена на идеи и доближување на македонската кинематографија до младите и пошироката публика.

Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот, културата и добрата атмосфера да бидат дел од ова тридневно филмско доживување под отворено небо.


Извор: Општина Кочани