Средбата ја потврди подготвеноста за продлабочување на соработката и продолжување на заедничките напори за одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше истакнат проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, кој се реализира во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO). Преку овој проект, Владата на Швајцарија обезбедува значајна поддршка за унапредување на КЈП „Водовод“, за зајакнување на капацитетите на локалните претпријатија во Кочани.
Дополнително, како дел од Заштитениот предел Осоговски Планини, Кочани ќе биде вклучено и во активностите од Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите, што ќе се реализира со поддршка од Швајцарската влада.
Извор: Општина Кочани