Кочани (Вести): Австрискиот амбасадор Мартин Памер – на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

објавено во Општински вести | 0
Амбасадорот наАвстрија,Мартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникотВладко Грозданов.

На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на интересот за австриски инвестиции во регионот и за потенцијалите што ги нуди општината во повеќе области.

Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Памер за активностите што ги презема локалната самоуправа во насока на справување со последиците од несреќата, како и за тековните и планираните развојни проекти. Притоа беше истакната важноста од меѓународната поддршка и солидарност во процесот на закрепнување на заедницата.

Во рамките на престојот во Кочани, амбасадорот Памер ги посетиОУ „Раде Кратовче“,Територијална противпожарна единица КочанииГеотерма, каде што се запозна со условите за работа, капацитетите и можностите за понатамошна соработка.


Извор: Општина Кочани