Кисела Вода: Општина Кисела Вода и Археолошкиот музеј заедно за промоција на културното богатство

објавено во Општински вести | 0
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорката на Националната установа „Археолошки музеј на Република Македонија“, Магдалена Манаскова, денеска официјално потпишаа Меморандум за соработка. Овој значаен документ поставува цврсти темели за стратешко партнерство насочено кон заштита, истражување и одржливо користење на културно-историскиот потенцијал на територијата на општината.

Соработката предвидува унапредување на научно-истражувачките активности, зачувување на културното наследство, како и развој на културниот туризам. Двете институции заеднички ќе работат на планирање на археолошки истражувања, конзервација и презентација, размена на стручни знаења и интегрирање на културното наследство во пошироката едукативна понуда.


Извор: Општина Кисела вода