Во рамки на извршените активности, набавени и монтирани се нови ЛЕД рефлектори со моќност од 200W и 400W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлувањето во салата. Дополнително, извршена е замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, како и зајакнување на кровната конструкција.
Сите зафати се реализирани согласно актуелните потреби и важечките стандарди, со јасен фокус на безбедноста и подобрување на условите за учениците и корисниците на салата.
-Унапредувањето на спортската инфраструктура е наша обврска, но и искрена желба. Со овие инвестиции обезбедуваме побезбедни и поквалитетни услови за спорт и физичка активност на нашите деца. Верувам дека вложувањето во вакви објекти директно придонесува за здрав развој, спортски дух и позитивни навики кај младите. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање подобри услови за образование, спорт и развој на младите генерации- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Извор: Општина Кисела вода