Интензивно продолжуваат градежните активности на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, каде што пред помалку од еден месец започна изградбата на атмосферската канализација. До овој момент е изведено околу 75% од вкупната должина на инфраструктурниот зафат. Следна фаза е поставување на сливници, со што ќе се овозможи ефикасно и безбедно одведување на атмосферските води. Овој чекор ќе придонесе за подобрување на условите и секојдневното функционирање на жителите во населбата.– Преку вакви системски и одговорни инвестиции, обезбедуваме трајни инфраструктурни решенија и директно одговараме на реалните потреби на граѓаните – изјави Стаменкоска Трајкоска
Извор: Општина Кисела вода