Карпош: 50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

објавено во Општински вести | 0
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера се обележаа 50 години од постоење на Кинотеката на Македонија која како институција, пред половина век, е формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење.

По тој повод, раководството на Кинотеката, на градоначалникот Сотир Лукровски, му врачи Благодарница за долгогодишната соработка и поддршка која Општина Карпош и Кинотеката ја негуваат и постојано ја унапредуваат.

Градоначалникот Лукровски, во своето кратко обраќање за благодарност истакна дека соработката помеѓу овие две институции е од големо значење бидејќи станува збор за институции кои меѓусебно соработуваат на поле на културата како значаен сегмент од животот  во локалната самоуправа.  Соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, особено оваа година која е јубилејна и за општината која исто така ќе обележи 50 години од своето постоење.

[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61613,61614,61615,61616,61617,61618″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Карпош