[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Право на пријавување имаат сите правни и физички лица кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината.
Вкупната предвидена финансиска рамка која е обезбедена од општината за ,,Мурал или скулптура и графити за секое маало” е во висина од 1.000.000,00 денари.
Комисијата е должна доставената документација претходно да ја провери, подготви мислење и истото да го достави до Градоначалниот.
Документите да се достават во Архивата на Општина Карпош (во затворен плик), со ознака „Не отворај“ и со назнака ,,Мурал или скулптура и графити за секое маало”.
Огласот трае од денот на објавување 09.04.2026 година до 30.04.2026 година, со услов одобрените средства да бидат реализирани најдоцна до 30.11.2026 година.
Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.
Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61269″ img_size=”full” hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош