[vc_row][vc_column][vc_column_text]Со акапелна изведба на македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“ и химната на Европа „Ода на радоста“ од страна на Пензионерскиот хор-Карпош, пред спомен обележјето на Првиот скопски партизански одред, денеска беше одбележан „Денот на Европа“, попознат како Ден на победата над фашизмот-09 мај. Делегација од Општина Карпош, предводена од раководителот на Секторот за поддршка и организација на работата на Советот и архивско-административни работи Патрик Поповски, положи свежо цвеќе и на тој начин достојно го одбележа овој историски празник, втемелен во државноста на Македонија. Претседателот на Сојузот на борците на Македонија- Карпош, Владо Трајаноски во својот говор ја истакна важноста и значењето на Денот на победата над фашизмот и ја нагласи улогата на македонските партизански единици, кои се бореа рамо до рамо со своите сојузници, за ослободување на Европа од окупаторот.
– Нашата визија и мисија е споменот и меморијата за важноста и улогата на нашите борци од минатото да им го пренесуваме на идните генерации, особено на помладите од основните училишта, за и тие еден ден да ја продолжат традицијата на одбележување на ваквите историски настани од огромно значење за создавањето на нашата држава , нагласи Трајаноски.
На свечената манифестација, свежо цвеќе во спомен на паднатите и загинати борци за слободата на македонскиот народ и татковината, положија бројни претставници на сојузи на борци, политички партии и останати здруженија на граѓани, со што достоинствено го одбележаа значајниот историски датум.
[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61709,61710,61711,61712,61713″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]Извор: Општина Карпош