Ве покануваме да учествувате на модел – работилницата која ќе се одржи во среда (13.05.2026), од 17:00 до 19:30 часот, во Cineplexx (сала 8), каде претставниците од Асоцијацијата на советници за развој на кариера, со своите стручни совети, ќе ви помогнат при изборот на средно образование.
Оваа работилница се реализира како дел од проектот „Кариерен избор без ограничување“, кој е дел од активностите од годишната Програма за еднакви можности на Општина Карпош.
На средбата ќе се разговара за актуелни теми какви што се родовите стереотипи кои влијаат врз изборот на образование, како и за начинот на кој можете да им помогнете на своите деца да го изберат својот пат без притисок.
Поддржете ги своите деца да ја донесат вистинската одлука, слободно, информирано и без родови ограничувања.
Настанот е отворен за јавноста, вашето присуство не морате претходно да го најавите, но сепак, бројот на местата во салата е ограничен.
Дојдете заедно да ја трасирате вистинската насока за вашето дете.
Ве очекуваме! [/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61760″ img_size=”full” hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош