На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, приватниот сектор, како и други релевантни чинители и развојни партнери.
Цел на настанот беше да се претстават клучните наоди и модели за системско зајакнување на предучилишното образование преку партнерство и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор ,а беше отворен дијалог за мерките за проширување на пристапот преку различни механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги во предвид и најранливите категории
Како заклучок од учесниците на настанот беше потенцирано дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот.[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”62343,62344,62345,62346″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош