Претседателот на СБМ –Карпош Владо Трајаноски истакна дека ликот, делото и саможртвата на народниот херој К.Ј-Питу, ќе биде вечно вградена во македонската држава, бидејќи преку партизанската борба и положувањето на животите на младите македонски партизани во текот на Втората светска војна, се создала и утврдила македонската современа држава. Од друга страна историчарот Здравко Стојкоски, во својот говор потсети за историската улога на Кузман Јосифовски-Питу и неговите соборци, и колку нивната борба била клучна за формирање на Македонија како суверена држава и конститутивна единица во рамките на идната заедничка држава СФР Југославија.
Кузман Јосифовски –Питу е македонски народен херој кој заедно со Орце Николов, Мирче Ацев, Стеван Наумов-Стив, Христијан Тодоровски- Карпош се главните организатори на антифашистичкото движење и народноослободителната борба во Македонија, и токму поради неговата неуморната народно-ослободителна дејност е наречен „Гоце Делчев на НОБ“. Пригодниот настан беше збогатен со драмски изведби и рецитали на ученици како од основните училишта во Карпош, така и од основни училишта од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров. Наместо икебани, оваа година присутните положија свежо саксиско цвеќе, кое по одбележувањето ќе биде засадено во „Паркот на револуцијата“, кај спомениците на Првиот скопски Партизански одред.[/vc_column_text][vc_video link=”https://youtu.be/fRVU06dJDeU?si=pX3DyDmGCIPUk0VB”][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”60653,60654,60655,60656,60657,60658,60659,60660,60661,60662,60663,60664,60665,60666,60667,60668,60669,60670,60671,60672,60673,60674,60675,60676,60677,60678,60679,60680,60681,60682″ img_size=”full” slides_per_view=”7″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош
