„Како локална самоуправа, особено сме горди што воведовме низа социјални услуги, како што се „Итно копче за пензионери“, бесплатен транспорт за стари и изнемоштени лица, како и за лица на кои им е потребен придружник или личен асистент , но и услуги за помош и поддршка на лица со попреченост. Овие мерки се доказ за нашата континуирана грижа за секој поединец во заедницата“, изјави Сотир Лукровски.
Општина Карпош традиционално е на врвот од градските општини во Скопје кога станува збор за организирање на крводарителски акции и по бројот на собрани единици крв, благодарение на одличната соработка и активната поддршка од Црвениот крст и партнерските организации. Меѓу другото, локалната самоуправа создаде и респектабилна традиција на редовно крводарителство, мотивирајќи граѓани , компании и институции да даруваат крв, со што Општината дава пример за хуманост и солидарност на локално ниво. Во овие акции активно се вклучени нашите сограѓани –карпошани, општинската администрација, урбаните заедници, како и вработените во училиштата и градинките. Оваа масовност и солидарност се вистински пример за заедништво.
Првите документирани податоци за крводарителски акции на територијата на Општина Карпош, практично се од почетокот на формирањето на Црвениот крст, а од 1977-мата година, со формирањето на општинската организација на Црвен крст-Карпош, овие активности во континуитет се надградуваат и унапредуваат.
[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61041,61031,61032,61033,61034,61035,61036,61037,61038,61039,61040″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]Извор: Општина Карпош
