Карпош: ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНСКИТЕ СЛУЖБИ

објавено во Општински вести | 0
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во текот на денешниот ден, општинските служби, во рамките на своите тековни и редовни активности, работат на реализација на повеќе суштински задачи.

Во тек е акција за реконструкција на детските игралишта, замена и поправка на урбаната опрема, клупи, канти за ситен отпад, согласно потребите на теренската состојба.

Паралелно, пролетната акција за хортикултурно уредување се спроведува согласно предвидената динамика и потреба, сè со цел зазеленување и разубавување на јавниот простор на територија на општината.

Службите задолжени за косење и одржување на зелените површини, во текот на денешниот ден се распоредени на неколку локации во урбаните заедници „Кузман Јосифовски Питу“, “Карпош 2“ и „Владо Тасевски “ (на Млечен). Исто така, работниците ангажирани за одржување на јавната хигиена, секојдневно ги чистат локалните улици и парковите кои се во надлежност на Општина Карпош.

Работиме посветено и одговорно, во служба на граѓаните!

[/vc_column_text][vc_video link=”https://youtube.com/shorts/sx7xJIS-kkI?si=97wXIGS-LfpIDXYu”][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Карпош