По усвојувањето на буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година од страна на советот на општината, изработен е граѓански буџет на Општина Демир Хисар.
Граѓанскиот буџетна Општина Демир Хисар преставува алатка која на едноставен начин го доближува општинскиот буџет до граѓаните, односно на кој начин се обезбедуваат средствата и на кој начин и за која потреба се трошат.
Буџетот на Општина Демир Хисар претставува годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, потребни за финансирање на надлежностите на општината.
Тој се состои од основен буџет, буџет на самофинансирачки активности, буџет на дотации и буџет на донации.
Извори на финансирање на буџетот на општината се сопствени извори на приходи, дотации и трансфери од буџетот на Републиката и се однесува на една фискална година, односно од 1 јануари до 31 декември.
За 2025 година во буџетот на Општина Демир Хисар, приходната и расходната ставка изнесуваше 237,487,212.оо денари а за 2026 година изнесува 289,647,763.оо денари, што значи зголемување на приходната и на расходната ставка од 56,160,551.оо денар.
Граѓанскиот буџет на Општина Демир Хисар е достапен на следниов:ЛИНК
Техничката изработка на вебстраната e поддржана од
Извор: Општина Демир хисар