И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА
ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на донесена програма за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2026 година, за спроведување на активност за превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка, се издава следново соопштение:Ве известуваме дека на 14.07.2026 (втроник) ќе се спроведува ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.Дезинсекцијата ќе се изведуватеристички (од земја), во периодот од18:00 часот, соУЛВ ладно запрашувањеод возила опремени со соодветна апаратура.
Возилото ќе биде означено соротационо светло, заради безбедност и препознатливост.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени урбани населби на територијата на Општина Демир Хисар.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHIRENE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.
Се препорачува за време на прскањето:• да се избегнува непотребно движење на отворен простор,• да се затворат прозорците и вратите во домовите,• да не се остава храна и облека на отворено,• домашните миленици да се чуваат во затворен простор за време на третманот.
Се известуваат и пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Се замолуваат граѓаните за разбирање и соработка за успешно спроведување на активностите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Техничката изработка на вебстраната e поддржана од
Извор: Општина Демир хисар