Општина Делчево ги информира граѓаните дека е забележан помор на риби во река Брегалница во централното градско подрачје, покрај тениското игралиште. За таа цел, ја информираме јавноста дека од страна нанадлежните служби од Општина Делчево се преземаат сите потребни мерки за дефинирање на причината за поморот. Воедно, Од крим-техника одМВР ги имаат преземено сите истражни дејстваза расчистување на случајот по што ќе следуваатидополнителни мерки и активности согласносозаконската регулатива.
Концесионеротна река Брегалница, постапувасогласносозаконскитеингеренциии состојбата се следи со цел дефинирање на изворот кој го предизвика поморот на рибите
Во таа смисла, Општина Делчевоапелирадо граѓаните да се воздржат од риболов и рибата да не ја корситат во исхраната додека не се откријат причините за поморот. Дополнително поради намалувањето на водостојот на водата во река Брегалницасеапелира кон одговорно однесувањенасите граѓани со цел зачувување на здрава животна средина на територијата на нашата општина.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево