Општина Делчево ја информира јавноста дека нема издадено одобрение за градење, ниту има издадено каква било согласност за изградба или урбанизирање на објект со намена за спалување и третман на медицински отпад.Во таа смисла ги демантираме шпекулациите кои деновиве кружат низ градот дека со знаење и согласност на Општина Делчево- во Делчево ќе се гради ваков тип објект, а воедно, ги информираме и загрижените граѓани дека фокусот на дејствување на Општина Делчево и на градоначалникот Иван Гоцевски останува да биде чистата животна средина со цел Делчево да се развива и да живее во еколошки чиста животна средина без загадувачи и без отпад кој ќе штети на здравјето на нашите сограѓани и деца.Исто така, ја информираме јавноста дека согласно со новиот ГУП чија изработка е во завршнаа фаза, предвидено е сегашната намена со посоечкиот ГУП која е Г1-тешка и загадувачка индустрија (кај м.в. Кожара), ќе се смени во Г2 -лесна и незагадувачка индустрија.Општина Делчево работи и ќе работи на зачувување на чистата животна средина и во таа смисла се реализираат низа проекти и активности за Делчево да ни биде посакувано место на живеење, каде ќе се гради иднината на нашите деца.SharesПрегледи:1.757
Општина Делчево ја информира јавноста дека нема издадено одобрение за градење, ниту има издадено каква било согласност за изградба или урбанизирање на објект со намена за спалување и третман на медицински отпад.
Во таа смисла ги демантираме шпекулациите кои деновиве кружат низ градот дека со знаење и согласност на Општина Делчево- во Делчево ќе се гради ваков тип објект, а воедно, ги информираме и загрижените граѓани дека фокусот на дејствување на Општина Делчево и на градоначалникот Иван Гоцевски останува да биде чистата животна средина со цел Делчево да се развива и да живее во еколошки чиста животна средина без загадувачи и без отпад кој ќе штети на здравјето на нашите сограѓани и деца.
Исто така, ја информираме јавноста дека согласно со новиот ГУП чија изработка е во завршнаа фаза, предвидено е сегашната намена со посоечкиот ГУП која е Г1-тешка и загадувачка индустрија (кај м.в. Кожара), ќе се смени во Г2 -лесна и незагадувачка индустрија.
Општина Делчево работи и ќе работи на зачувување на чистата животна средина и во таа смисла се реализираат низа проекти и активности за Делчево да ни биде посакувано место на живеење, каде ќе се гради иднината на нашите деца.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
