Делчево (Соопштенија): РЕШЕНИЕ за свикување на 7.редовна седница на Советот на Општина Делчево

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020 и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 05.03.2026 година, донесe

РЕШЕНИЕза свикување на 7.редовна седница наСоветот на Општина ДелчевоIЈа свикувам 7. седница на Советот на Општина Делчево.Седницата ќе се одржи на 12.03.2026 (четврток) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.За седницата го предлагам следниотДневен ред-Усвојување на Записник од 4.седница-Усвојување на Записник од 5.седница-Усвојување на Записник од 6.седница

1.Предлог- Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари-службени просториина Министерството за внатрешни работи;Образлагач: Стефанија Стојчевска-Раководител на Одделение за јавни набавки.

2.Предлог-Одлука за донација на парични средства на ПАКОМАК ДОО Скопје како поддршка на проект од јавен интерес “Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2”;

3.Предлог-Одлука за промена на назив на установа и скратен назив;

4. Предлог-Одлука за за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Берово;Образлагач: Ивана Ивановска-Раководител на Одделение за правни и општи работи.

5.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Делчево поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;Образлагач: Даниела Такева-Советник за односи со јавноста и протокол.

6. Предлог-Одлука за приоритетен предлог за Проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој;

7. Предлог-Одлука за приоритетен предлог за Проекти за ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДИСПАРИТЕТИТЕ МЕЃУ И ВО РАМКИТЕ НА ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА 2026 ГОДИНА;

8.Предлог-Одлука за приоритетенпредлог проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.

9.Предлог-Одлука за отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани возилаод јавните површини на Општина Делчево;

10.Предлог-Одлука за утврдување на локација за поставување на собирачки центар за електричен и електронски отпад

11. Извештај за спроведувањето на Програмата за јавна чистота за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комуналната инфраструктура.12.Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Доброволна спасителска служба ОСОГОВО;

13. Предлог-Одлука за финансиска помош на Данијела Ивановска;

14.Предлог-Одлука за финансиска помош на Драгана Ѓорѓиевска;

15. Предлог-Одлука за финансиска помош на Кирчо Ризов;

16. Предлог-Одлука за финансиска помош на Ѓорѓи Марковски.

17.Предлог-Заклучок во врска со Барање на МЗ Тработивиште бр.09-3087/1 од 31.12.2025;Образлагач: Николчо Стојменовски, претседател на Совет.

18.Предлог-Одлука За давање согласност на Одлуката на Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“Делчево за отпис и расходување на електронски електричен отпад бр.02-71/4;Образлагач: Димитар Видимлиски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“

19. Предлог-Програма за активностите на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Делчево за 2026 година ;Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостеоен референт за безбедност и здравје при работа.

20. Предлог-Програма за култура на Општина Делчево за 2026 година;Образлагач: Наташа Димитровска-Виш соработник за информации и контакт со граѓаните.

21.Предлог-Одлука за определување на тарифи за вршење на авто-такси превоз на патници на подрачјето на Општина Делчево.

*22.Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница за 2026 година;

*23. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2025-2027 од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

*24.Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлуката утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2025-2027 од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

*25. Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлуката за утврдување на надоместоци за користење под закуп на пазарни тезги и деловни објекти на „Градски пазар во Општина Делчево“, донесена од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.Образлагач: Марија Сумрачка-ВД директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.(материјалите по точките 22,23,24 и 25 ќе ви бидат прикачени на системот утре, денес во 15.30 има Управен одбор на ЈКП)

IIРешението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-784/ 105.03.2026Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОПретседател,Николчо Стојменовски,с.р.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево