На Локалниот базар, Делчево денеска понуди дел од својата трдиција, култура и уникатност.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека на историските настани од предилинденскиот период, со овој базар се додава уште еден квалитет, а тоа е традицијата и културата на нашиот народ.
– Тоа е нашата традиција која и покрај современието и развојот на технологијата, вредните раце на домаќинките и на занаетчиите,љубоморно ја чуваат таа нишка која е цврсто врзана за нашите корени и идентитет, продолжувајќи ја традицијата. Улогата на една одговорна општина е токму таа, да создава услови, да ги анимира производителите и да отвора можности за промоција на локалните производи. Овој локален базар е празник на традицијата, креативноста и локалниот дух, порача Гоцевски.
Тој нагласи и дека е посебно импресивно вклучувањето на локалниот базар на младите со своите креации- одговорните млади се тука да ја промовираат и чуваат традицијата која се пренесувала од колено на колено, од генерација на генерација-истакна Гоцевски.
На летната сцена настапија фолклорните брендови од Делчево кои ја презентираа фолклорната традиција на Пијанец и Македонија: ФГ „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“ и играорците од ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.
Настаните по повод јубилејот 150 години од Разловечкото востание продолжуваат денеска во 17.00 ч со промоција на поштенската марка издадена од Македонски пошти по повод јубилејот и научна трибина. Вечерниот концерт започнува во 20.00ч каде ќе настапат „Танец“ и Воениот оркестар на АРМ. Централната прослава ќе се одрижи утре во с. Разловци со почеток во 11.00ч.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
