Делчево (Новости): Ѕвездичките блеснаа на сцената на првиот детски фестивал во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Ѕвездичките блеснаа на сцената на првиот детски фестивал во Делчево

Тринаесет авторски детски песнички, 15 солисти од Делчево и М. Каменица, хористи и танцови групи, синоќа блеснаа на сцената во спомен-домот АСНОМ во рамките на првиот детски фестивал „Ѕвезда“ во Делчево.

Настанот беше во организација на ЕУРИТМИКС, организација која предводена од музичкиот педагог, м-р Елена Ѓеоргиевска, долги години работи на музичка едукација на младите таленти, а детскиот фестивал беше логичен заклучок и промоција на младите музички таленти во Делчево.

-Реализиравме досега над 70 проекти, настапи, дел поддржани од Министерството за култура, но, најголема городст и радост е токму овој фестивал.На фестивалот меѓу другите авторибеше иДејан Ѓеоргиевски–Ѕенекојзеде учество со своја песна ,,Сите твои слики”.Фестивалот се подготвуваше од октомври 2025, а веднаш по завршувањето на овогодинешниот фестивал,започнуваме со подготовка за„Ѕвезда 2027“. Фестивалот е првизграден нависоко професионално ниво, каде беа вклученидваесетина професионалци за сето тоа да се реализира по сите стандарди за детски фестивал.Синоќа имаше над 700 гостии не застануваме тука, продолжуваме со работа ипронаоѓање нови таленти и правиме сѐ за нашата општина да стои рамо до рамо со сите поразвиени општини во нашата земја, во смисла на култура и детски развој, нагласи Ѓеоргиевска.

Таа јавно се заблагодари на сите поддржувачи на фестивалот и на сите инволвирани во организацијата.

Фестивалот го отвори градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека со овој фестивал Делчево испишува нова страница и традиција која го храни детскиот развој и самодовербата, ги открива и ги промовира талентите запишувајќи го нашето Делчево во семејството градови кои се грижат и создаваат услови за раст и развој на талентираните деца.

-Како општина, остануваме посветени на создавањето услови за младите да творат, да се промовираат и да се натпреваруваат и да чувствуваат дека нивниот град верува во нив и ја дава максималната поддршка за нивна афирмација. Нашата поддршка и за овој фестивал е инвестиција во иднината и секогаш кога зборувам за младите зборувам за иднината. Воедно,би сакал и даизразам огромна благодарност и да испратам честитки за реализацијата на овој убав настан на сите инволвирани во неговата подготовка и реализација, посебно за ентузијазмот на нашата драга порфесорка по музичко воспитување, м-р Елена Ѓеоргиевска која ги открива музичките таленти во Делчево и создава нов имиџ на градот, нагласи Гоцевски.

Ветувањето на организаторите е дека овој музички настан кој ги афирмира младите музички таленти од Делчево ќе прерасне во традиција.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево