Волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст на Македонија-Делчево освоија прво место во рамките на ПроектотЦрвен крст во акција – Промоција нахуманивредности (ЦКА-ПХВ), освојувајќи 6 сонца за сите 6 проекти.
Промоцијата на наградите и на Проектот кој веќе 30 години успешно се реализира во Македонија се одржа денеска во Делчево, каде присуствуваа волонтери и претставници од Црвениот крст од цела држава, како и генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, Саит Саити и градоначалниците од Делчево и М. Каменица.
Настанот го отвори претседателката на ОО на Црвениот крст-Делчево, Билјана Ѓеоргиевска која нагласи дека посебначест претставува фактот што оваа година Општинската организација на Црвениот крст Делчево го освои првото место на државно ниво.
–Ова признание не дојде случајно. Тоа е резултат на многу часови работа, посветеност, планирање, теренски активности, соработка со институции и пред сè огромна желба да се помогне таму каде што е најпотребно. Во текот на циклусот беа реализирани шест проекти, а секој од нив беше оценет со највисоката можна оцена – „сонце“. Во ПХВ програмата, сонцето претставува највисоко признание за проект кој има значително и трајно влијание врз заедницата, рече Ѓеоргиевска.
Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека е горд на младите волонтери, на нивниот труд и ентузијазам и на постигнатиот успехсо што се издигна Делчево и ОО на Црвениот крст на пиедесталот на хуманоста и солидарноста.
-Како локална самоуправа остануваме посветени да бидеме партнери во вашата мисија, да бидеме поддржувачи на вашите активности и заедно да ја достигнеме целта-да изградиме похумано, посолидарно и побезбедно општество. Посебно изразувам благодарност до генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, г-от Саит Саити, за неговата поддршка на нашиот град во тешките моменти за нас. Изразувам благодарност и до сите претставници на Црвениот крст на Македонија, за одличната соработка со Општина Делчево, но и за партнерството што го градиме со Општинската организација во Делчево и за нивниот придонес во заедницата, нагласи Гоцевски.
Општинската организација на Црвениот крст Делчево со својата дејност и активности ја покрива и соседната Општина Македонска Каменица. Градоначалничката Соња Стаменковска истакна дека како знак на поддршка за нивната работа и посветеност, оваа година Општината ќе им додели простор за користење без надоместок, бидејќи вложувањето во младите и во волонтерството е инвестиција во иднината.
Оваа година е особено значајна бидејќи се одбележуваат 30 години од спроведувањето на ПХВ програмата во Македонија. Три децении во кои илјадници млади луѓе низ државата стекнале искуства, создале пријателства, реализирале стотици проекти и помогнале на илјадници граѓани. Овој јубилеј претставува симбол на континуитет, посветеност и успех, но и потврда дека вложувањето во младите е една од највредните инвестиции за иднината на секоја заедница.Генералниот секретар на Црвен крст , Саит Саити порача дека денеска е ден за гордеење и дека Делчево е денеска Македонија.
Освен ОО на Црвениот крст Делчево, награди добија и: ОО на Црвен крст Тетово за освоено второ место, а третото место го поделија ОО на Свети Николе и на Демир Хисар.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево