Делчево (Новости): ЧЕСТИТ 8 МАРТ! СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН!

објавено во Општински вести | 0
Со превентивна активност за поголема безбедност и одговорно учество во сообраќајот ОСБСП Делчево, МВР ОВР Делчево, РЦГР – Исток и РСБСП го честитаат Денот на жената – 8 Март и испраќаат силна порака: да постои почит, еднаквост и безбедност во сообраќајот за секоја жена.Жените се активни учеснички во сообраќајот на патиштата и двигатели на позитивни промени. Статистиката и практиката потврдуваат дека жените често се пример за повисок степен на сообраќајна дисциплина и одговорност во сообраќајот. Жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди.На подрачјето на општина Делчево во текот на 2025 година во 84% од сообраќајните незгоди возачот е маж, во 10% од СН со возилото управувала жена, а во 6% од СН управувало НН лице. Од вкупниот број на повредени лица во СН 8 % се жени.Затоа, ОСБСП Делчево, МВР ОВР Делчево, РЦГР – Исток и РСБСП повикуваат на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а по повод празникот 8 Март на жените-возачи им препорачуваат:– да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,– да се грижат за сите учесници во сообраќајот,– почесто да ја проверуваат исправноста на возилото, и– да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево