Делчево (Новости): Ученици и наставници од Тирана на средба со градоначалникот

објавено во Општински вести | 0
Новото партнерство градено врз новиот проект „Мостови на единство“ на СОУ „М.М.Брицо“ и Техничко – економското училиште во Тирана, донесе во Делчево 15 ученици и двајца наставници од ова училиште од Тирана, Албанија. Посетата на учениците на Делчево е во рамките намеѓународната образовнаПрограма „Super schools“,како една од активностите на проектот. Целта на заедничките активности на двете училишта е интеркултурна размена, со фокус на теми поврзани со идентитет, култура, едукација против говор на омраза, активно младинско учество и младинска врсничка едукација.

Во рамките на посетата во Делчево денеска беше организирана и средба со градоначалникот Иван Гоцевски, каде се зборуваше за позитивите искуства од проектот, текот на имплементацијата на проектот кој е во насока на промовирање и подобрување на квалитетот на стручното образование, но и за очекуваните резултати од реализацијата на Проектот „Супер училишта“.

За градоначалникот Гоцевски размената на искуства, стекнатите нови пријателства и новите знаења се основа за развој на младите и тојизрази задоволство што двете училишта градат  соработка која ќе даде придонес за проширување на видиците на учениците, размената на искуства, но и кариерен и личен развој.

–Оваа иницијатива претставува одлична можност за младите да стекнат нови знаења, искуства и пријателства, но и да го запознаат нашиот град и нашата култура. На средбата разговаравме за текот на активностите, програмата за престојот и идните можности за продлабочување на меѓународната соработка. Како градоначалник, давам целосна поддршка на ваквите образовни и младински проекти, затоа што верувам дека преку соработка, размена и отвореност кон регионот, создаваме посигурна и поуспешна иднина за нашите ученици и за Делчево, нагласи Гоцевски.

СОУ „М.М.Брицо“ во рамките на проектотќе биде домаќин нагостите од Тиранадо 21 февруари,а во периодот од 23 до 28 март,нашите ученици ќе реализираат возвратна посета во Тирана.

Инаку, „Супер училишта“еПрограма на RYCO за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево