Делчево (Новости): Усвоен Општинскиот енергетскиот план на Делчево за 2027

објавено во Општински вести | 0
На 11 Седница на Советот на Општина Делчево беше усвоен и Општинскиот енергетски план на Делчево за 2027 година кој е стратешки и оперативен документ за планирање, управување и развој на локалниот енергетски сектор. Основната цел на ОЕП на Општина Делчево е воспоставување систематски, ефикасен и одржлив пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, преку рационално користење на ресурсите, намалување на трошоците и зголемување на енергетската сигурност.

Општинскиот енергетскиот план е изработен врз основа на важечката национална законска рамка во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина, градењето, урбанистичкото планирање и јавните набавки, како и согласно европски политики и стандарди.

Тој е усогласен со националните стратешки цели утврдени во Интегрираниот национален план за енергија и клима, програмите за енергетска ефикасност и другите секторски политики, при што истовремено ги зема предвид локалните развојни приоритети, специфичните карактеристики на општината и потребите на населението.

Во Општинскиот енергетски план се предвидуваат иницијативи за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија и системи за складирање на електрична енергија со инсталирана моќност до 1 MW, во согласност со законските надлежности и издадените согласности од надлежните институции.

Исто така, се дефинираат и приоритетните мерки и проекти како основа за спроведување на националните и локалните политики во областа на енергетиката и климатските промени.

·ја подобри енергетската ефикасност во јавниот сектор, особено во општинската администрација, училиштата, детските градинки, културните и спортските објекти, како и комуналната инфраструктура;

·го намали вкупното годишно трошење на електрична и топлинска енергија и поврзаните буџетски расходи;

·поттикне користење на ОИЕ, особено сончева енергија преку фотонапонски системи на јавни објекти и други локално достапни ресурси;

·придонесе кон намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на воздухот;

·овозможи подготовка и реализација на проекти финансирани од државни, европски и меѓународни фондови;

·создаде услови за развој на паметни енергетски решенија, дигитализација и енергетски мониторинг;

·ја зајакне институционалната и техничката способност на општината за управување со енергетски проекти и инвестиции;

·поттикне децентрализирано производство и складирањето на енергија на локално ниво.

ОЕП има клучно значење за развојот на Општина Делчево, бидејќи претставува практичен инструмент за носење информирани одлуки во областа на енергетиката, инфраструктурата и одржливиот локален развој. Значењето на ОЕП се согледува преку следните аспекти:

·Стратешко значење. ОЕП ја поврзува локалната енергетска политика со националните и европските цели за енергетска ефикасност, декарбонизација и климатска отпорност, обезбедувајќи јасен правец за идниот развој на општината.

·Економско значење.Преку рационално користење на енергијата, реконструкција на објекти и модернизација, се намалуваат тековните трошоци во општинскиот буџет и се ослободуваат средства за други развојни приоритети.

·Еколошко значење. Спроведувањето на мерките од ОЕП директно придонесува за намалување на локалното загадување на воздухоти негативните влијанија врз животната средина.

·Социјално значење.ОЕП придонесува кон создавање здрава, безбедна и квалитетна средина за живеење, подобар комфор во јавните објекти и подигнување на јавната свест за рационално користење на енергијата.

·Институционално значење.ОЕП воспоставува јасни надлежности, индикатори и механизми за следење на резултатите, што овозможува подобра координација меѓу општинските служби и транспарентност во спроведувањето.

Инвестициско значење.ОЕП создава проектно портфолио за аплицирање пред донаторски програми, банки, фондови и јавно-приватни партнерства

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево