Делчево (Новости): Тактичко – показна вежба во СОУ „М.М. Брицо“ Делчево

објавено во Општински вести | 0
Денеска воСОУ „Методи Митевски-Брицо“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на пожарво спортската салаи евакуација на повредени лица од зградата на училиштето.

По дојавата за пожар воучилиштето, ТППЕ Делчево реагираше со 13пожарникари, со три противпожарни возила исопрофесионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти,при што беше изгаснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот.Во акцијата учествуваа и волонтерите од ОО на Црвениот крст Делчевои екипа на Итната медицинска служба.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, да се провери исправноста на опремата, но и да се провери почитувањето на протоколите за безбедност во училиштето.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево