Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види физичката и психичката подготвеност на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите, при автомобилски несреќи, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Сашко Поповски, командир на ТППЕ Делчево.
Грдоначалникот Иван Гоцевски кој присуствуваше на настаните изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Честитајќи го празникот на пожарникарите, тој додели плакета на ТППЕ за особена заслуга.
– Со посебна почит, денеска го одбележуваме 20 Мај, Денот на пожарникарите. Испраќам честитки и изразувам огромна благодарност до нашите херои пожарникари, професионалци и доброволци, за нивната пожртвуваност и човечност, за нивната работа која значи спасен живот или имот на граѓаните. Сите сме благодарни – на вистинските херои од нашиот град. И затоа веднаш по стапувањето на функција го решивме проблемот со платите и ја исправивме децениската неправда, а паралелно работиме да ја подобриме опременоста на ТППЕ Делчево и со апарати, опрема, но и средства за лична заштита, нагласи Гоцевски.
Во тој контекст е и денешната донација, работни чевли обезбедени од Општина Делчево и униформи за сите пожарникари во Делчево обезбедени од општествено одговорната компанија „Брегал“.
Во знак на одличната соработка меѓу ТППЕ Делчево и градоначалникот и Општина Делчево, ТППЕ Делчево додели Плакета на градоначалникот Гоцевски.
Инаку, пожарникарството во Делчево испишува историја од 8– децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
