Ве известуваме дека согласноЗаконот за данок на имот(Сл.весник на РМ бр. 61/04… 151/21)член 4, 7, 9, и член 29:
– Даночните обврзници се должнинајдоцна до 31 јануарида поднесат даночна пријава за недвижен имот кој го поседуваат, а кој не е пријавен за оданочување.
– Даночните обврзници требанајдоцна во рок од 15 денаод стекнувањето со право на сопственост на недвижен имот или со право на користење, да го пријават имотот за оданочување кај општинската администрација.
– Обврзникот на данокот на имот од ставот (1) на овој член кој поднел даночна пријава нема обврска за истиот имот да поднесе нова пријава, доколку нема промени на податоците содржани во претходно поднесената даночна пријава, а кои се од влијание за висината на даночната обврска.
Со цел да се олесни постапката за пријавувањена данокот на имот, која е обврска на граѓаните и на правните лица како даночни обврзници, како и пријавување на настанатите промени на податоците во врска со имотот подлежен на даночење и податоците на даночните обврзници,Ве поканувамеда пријавите во просториите на ОпштинаДелчево во Општинскиот центар за услуги.
За физички лица-граѓанипотребни документи се фотокопија одимотен листкој е изваден по завршување на постапката за легализација или купопродажба на недвижниот имот илична картана увид.
За правните лицапотребни документи се фотокопии одимотен листитековна состојба од Централен регистар.
За подетални информации можете да се обратите на нашиот телефонски број 033/411–550.
Работно време на ОпштинаДелчево,секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, пауза од 10:30 до 11:00 часот.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево