Делчево (Новости): Советот на Општина Делчево ја одржа редовната 5 Седница

објавено во Општински вести | 0
Советот на Општина Делчево денеска ја одржа својата 5 Седница на која се расправаше и се донесоа акти по 21 точка од предложениот Дневен ред.

На Седницата, советниците донесоа Одлука за прифаќање на донацијатададена во добра и услуги од давателот на донацијата BIDI DOBAR A NJ NONPROFIT CORPORATION 0451161055, со седиште на 43 4 th STREET PEQUANNOCK, NEW JERSEY 07440. За донацијата ќе биде склучен посебен договор, помеѓуградоначалникот на Општина Делчево, како примател на донацијата и давателот на донацијата. Донацијата која се дава на Општина Делчево се состои во противпожарна опрема и тоа: 25 пара јакни;25 пара панталони и 10 парапожарникарски чизми.

На истата Седница беа донесени одлуки за определување на висината на надоместокот на членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево и на членовите на Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево. Согласно со одлуките: претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈКПБРЕГАЛНИЦА Делчевоимаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на Управниот одбор наЈКП. Висината на месечниот надоместок изнесува 2.000,оо денари на претседателот на Управниот одбор наЈКПи 1.500,оо денари на членовите на Управниот одбор; додека висината на месечниот надоместок изнесува 1.500,оо денари на претседателот на Надзорниот одбор наЈавното претпријатие и 1.500,оо денари на членовите на Надзорниот одбор наЈКП.

Советот на Општина Делчево го утврдиПредлогот за воспоставувањемеѓуопштинска соработка поднесено одградоначалникот на Општина Делчево за вршење работи и работни задачи во надлежност наОпштината, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат,овластен инспектор за патишта помеѓу Општина Делчево и Општина Штип. Утврдениот предлогќесе достави до Општина Штип заради донесување Одлука за воспоставувањемеѓуопштинска соработка.Исто така, на Седницата, советниците донесоа Одлукасо којаго утврдијаПредлогот за воспоставувањемеѓуопштинска соработка поднесено одградоначалникот на Општина Делчево за вршење работи и работни задачи во надлежност наОпштината, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат,овластен инспектор за домување помеѓу Општина Делчево и Општина Штип.Утврдениот предлогќесе достави до Општина Штип заради донесување Одлука за воспоставувањемеѓуопштинска соработка.

Советот на Општина Делчеводаде согласностна Одлуката на Училишниот одбор во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за отуѓување електронски електричен отпад за кој сметководствената вредност е нула, а кој поради дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користи и не може да се дадат на користење, да се продаде или да се размени.

Советот на денешната Седница донесе Решение со кое за член на УО наЈавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево од Општина Делчево ја предложи Сузана Петровска. Советот дадесогласности на Одлуката на Управниот одбор на ЈКП„Брегалница“-Делчево за ставање под залог на подвижни предмети сопственост на ЈКП Брегалница-Делчево,како гаранција за обезбедување плаќање на даночен долг на рати.

Советниците едногласно ја донесоа Годишната програма на Локалниот младински совет на Општина Делчево за 2026 година;

На Седницата се донесоа и 10 одлуки со кои се утврди потребата од донесување урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат по барање на граѓани, а се донесе и Одлука за финансиска помош на Драган Георгиев од с. Илиово.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево