Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата Конститутивна седница на која беше избрано новото раководство на Советот. Со консензус на сите членови за претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседателБилјана Ѓеоргиевска.
На Седницата,новите членови на Советот се запознаа со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 г, а посебно внимание беше посветено на Планот за подготовка на Социјалниот план за период 2026-2030- значаен документ кој треба да ги опфати сите активности и мерки и услуги кои ќе се даваат на граѓаните.
Советот за социјална заштитаги има следните надлежности:изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, врз основа на кој план Градоначалникот на Општина Делчево изготвува Годишна програма за социјална заштита, која ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ,предлага локални мерки и активности за социјална заштита.
Новиот состав на Советот за социјална заштита е формиран со Одлука на последната Седница на Советот на Општина Делчево и е со мандат од четири години, а во него членуваат:Сузана Петровска, претставник на Општина Делчево,Марија Аџиска, претставник на ОВР Делчево, ПС- ОН Делчево,Кристина Аралампиевска, претставник на Основно јавно обвинителство Делчево,Спец.ДрБилјана Ѓеоргиевска, претставник на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев„ Делчево,Александра Трајановска, претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево,Даниела Трајановскапретставник на Центар за вработување Делчево,Наташа Јаневска Колевска, претставник на СОУ „М.М.Брицо„ Делчево,Александра Гошевска, претставник на ООУ „Ванчо Прке„ Делчево,Верица Боинска, претставник на ООУ „Св.Климент Охридски„ Делчево,Ивана Ангеловски, претставник на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Делчево,Александар Николов, претставник на ЗГ „БРАВУРА КООПЕРАТИВА„ Делчево,Санела Момчилов, претставник на НВО КХАМ Делчево,Зоран Биковски, претставник на Организација ЖЕНА Делчево,Презвитер Милан Ничевски, претставник на Делчевско – Каменичка епархија,ОџаСефадин Селимовски, претставник на Исламска Верска Заедница Џамија „Фатих Мехмед II„ Делчево.
Инаку, ова е трет состав на Советот од првото формирање на Советот за социјална заштита на Општина Делчево во 2019 година. Досегашниот два состави на Советот за социјална заштита дадоа голем придонес за развој на социјалните услуги во општината и подготовката на Социјалните планови во период од 2020 до 2026 година.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево