Со поракатаДа ја одбележиме заедно историјата преку зборот и да ја чуваме искрата на слободата жива,ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево ги повикуваат сите љубители на пишаниот збор да учествуваат на Литературниот конкурс распиша конкурс на тема„150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија“.
Со распишувањето на литературниот конкурс, Општина Делчево и официјално ги започна настаните по повод одбележувањето на големиот јубилеј, еден век и половина од првото вооружени востание запишано со црвени букви во македонската историја и предилинденскиот период,со што се отвора едно поглавје на сеќавање, гордост и почит, бидејќи Разловци не е само историја, тоа е жива порака дека слободата се сонува, но и се освојува.
Согласно со условите предвидени во Конкурсот, љубителите на пишаниот збор можат да конкурираат во двете категории-поезија и проза, а право на учество имаат:
-Ученици од општинските основните училишта
-Ученици од средното општинско училиште
Крајниот рок на доставување на творбите е04.05.2026 г.(понеделник), а творбите можат да се достават:
-Во просториите на ЈЛБ„Илинден“- Делчево
-Кај наставниците по македонски јазик за основците
-Кај професорите по македонски јазик за средношколците
-Наe-mail:m.biblioteka@t.mk
Во сите категории ќе бидатдоделени награди за прво, второ и трето место во сите категории, а најдобрите творби ќе бидат јавно прочитани и промовирани на завршниот дел од манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание на 19 мај во село Разловци.
Подетални информации на следниот линк до конкурсот
Литературен конкурс: 150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево