Делчево (Новости): Прва работна средба на претседателите на советите во регионот ќе се одржи во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Во Делчево на 8 мај со почеток во 11ч ќе се одржи првата работна средба на претседателите на советите од 11 општини од регионот. Средбата се организира со цел унапредување на работата на општинските совети, споделување добри практикии размена на искуства.

Средбата е на иницијатива напретседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовскикој истакна дека советите на општините се значајна алка во локалната власт која ги алоцира потребите на граѓаните, од една страна и можностите за развој на општината од друга.

– Средбата се наметна како потребна, бидејќи Советот како орган на општината треба да биде транспарентен, ефикасен и, како претставници на граѓаните, да ги застапуваме нивните интереси, но и да се грижиме за законитоста и можностите и условите за развој на една општина. Советот на Општина Делчево воведе нови практики во работата кои се покажаа како доста успешни:проектот „електронска седница“,како и втората успешна отворена седница. Ова се добри практики кои сакаме да ги споделиме со нашите колеги од другите општини, но и да размениме позитивни искуства од другите општини и затоа, велам, декаоваа средба претставува нов чекор кон модернизацијаитранспарентностна советите, нагласи Стојменовски.

Тој очекува дека овој вид работни средби на претседателите на советите ќе прерасне во традиција.

На средбата учество досега пријавиле претседатели на советите од општините:Штип,Кочани, Кратово, Виница, Пехчево, Берово, М.Каменица, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци.

Инаку, на работната средба покрај размената на искуства и добри практики, ќе се презентираатзаеднички проекти кои се реализираат преку ИПР, како и проектот кој се реализира во Делчево преку ИПА-програмата за прекугранична соработка во партнерство со Општина Благовеград.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево