Делчево (Новости): Пожарникарите во акција за чистење на просторот околу ТППЕ во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчевските пожарникари денеска спроведоа акција за расчистување на просторот околу зградата и гаражите на ТППЕ. Помогнати со механизација од ЈКП „Брегалница“ и рачно, тие го исчистија просторот кој со години беше запуштен и небезбеден и грда слика на институциите сместени во овој дел на градот.

Градоначалникот Иван Гоцевски се приклучи на акцијата и истакна дека оваа акцијане е самоакција заотстранување трева и грмушки, туку пример како институциите треба одговорно и домаќински да се однесуваат кон јавниот простори при тоа изрази благодарност допожарникарите за нивниот личен ангажман и посветеност, како и до екипите на ЈКП Брегалница, кои со својата механизација и поддршка дадоа значаен придонес.

Воедно, градоначалникот Гоцевски изврши и увид во новата донација наменета заТППЕ Делчево која се состои од:25 јакни, 25 панталони и 10 пара пожарникарски чизми, донирани од BIDI DOBAR A NJ NONPROFIT CORPORATION.

–Оваа вредна поддршка значително ќе ги подобри условите за работа илична заштитана нашите пожарникари. Упатуваме искрена благодарност до донаторот за хуманоста, солидарноста и поддршката што ја покажуваат кон Делчево. Кога институциите и пријателите на градот делуваат заедно, резултатите не се само видливи – тие се трајни и значајни за иднината на нашата општина, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево