Првите снежни врнежи за оваа зима кои денеска ги забелија улиците на Делчево ги мобилизираа екипите на ЈКП „Брегалница“. Од претпријатието информираат дека се подготвени да реагираат согласно со нивните налдежности предвидени во Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патиштаи улици на подрачјето наОпштина Делчевоза 2026 г., а се однесува на одржување и чистењето на тротоарите и јавните површини. Исто така и механизацијата со која располага претпријатието е во исправна состојба и е подготвена да реагира доколку продолжат поинтензивни врнежи од снег.
Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка. За зимското одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.
Согласно со Планот ипредвиденатаприоритетна листа назимскоодржување патишта и улици, сеопфатенипатишта со асфалтен коловоз од88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.
Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снеготдадостигне10 сантиметри за сообраќајниците од прв и втор приоритети15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно вниманиена:остритекривини, стрмнитекосини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.
Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево